Соборот на СПЦ  утре треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т. Македонската православна црква (МПЦ), дознава „Курир.рс“.

Така, конечно по 55 години од расколот, треба да падне помирувањето со црквата во  Македонија, неофицијално дознава Курир.

Свештеници од СПЦ (фото: илустрација)

– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во  Македонија во рамките на Охридската архиепископија. СПЦ сакаше тоа да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да покаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви – дознава   изворот на „Курир“ од СПЦ.