Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана.

Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци да изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии.

Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан.

На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите присутни беа и претседателот на косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и министерката за претприемништво Едона Билали од Албанија, а свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ Беким Емини.

Овој настан, кој за прв пат се организира во Албанија е во организација на државното Министерство за заштита на претприемништвото во соработка со Генералниот директорат за услуги за патен транспорт и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија.