Едно лице загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, Скопско.

На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.