Полициски службеници на СВР Тетово вчера привеле осум лица, кај кои при преглед е пронајдена дрога, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во близина на клучката за тетовски Групчин, од слобода биле лишени И.С.(25) и Д.Б.(40) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „форд фиеста”, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана.

-Околу 20.30 часот, пак, на улицата „Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(25), И.А.(32) и Р.Т.(22), тројцата од Тетово, кај кои биле пронајдени марихуана и нож, а на локалниот пат за гостиварското село Дебреше, во 00.30 часот на 27 март полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(19), Ј.Е.(19) и А.И.(20), сите од Дебреше, кои се превезувале со патничко возило „опел астра”, со гостиварски ознаки, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана, се вели во соопштението на МВР.

Сите биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.