Властите во Куба соопштиле дека комбинацијата од две дози од вакцината „Соберна 2“ и една доза од „Соберна плус“ се ефикасни против коронавирус од 91,2 проценти во испитувањето извршено во три фази.

Кубанскиот Центар за контрола на лекови и медицински уреди објави дека е дадено одобрување за употреба на двете вакцини.

На развојот на „Соберна 2“ работеле заеднички институции од Кина и Иран. Иран веќе ја одобри вакцината под името „Пастерковак“.

Во јули Куба ја одобри својата прва вакцина против Ковид-19, „Абдала“.