На денешната собраниска анкетна комисија за случајот со Онкологија пратеникот од редовите ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов посочи дека недозволиви се тврдењата од страна на поранешните министри кои вчера се согласија дека има несоодветно трошење на средства од Буџетот.
„Рековте дека 90 проценти од здравствените установи имаат ненаменски трошења, тогаш ако вчерашните тврдења беа во насока дека се за обезбедување на одредена терапија тогаш вие Миле Сугарев кажавте дека секоја установа и директор користи средства спротивно на прописите за некој други намени за кој не им се одобрени, тоа мислам дека сте свесни дека е кривично дело и досега требало да се санкционира, а не да се воспостави пракса по која ќе се движат и се движеле и претходни и понатамошни директори и идни директори“, изјави Ефтимов.
Тој посочи дека недозволиви се тврдењата од страна на поранешните министри кои вчера овде потврдија дека имаме несоодветно односно спротивно на закон трошење на средства од Буџетот.
„Дали при вршење на ваквите контроли согласно цитираниот закон е констатирано одредени недостатоци како што претходно потенциравте и дали овие записници иако се доставени само до институциите кои согласно закон треба да ги информирате имате доставено до надлежните институции кои се задолжени да ги истражуваат ваквите финансиски скандали и ненаменски трошења?“, запраша Ефтимов.