Ако во членот 2 се додава нов став 9 кој што вели, „одредбите од ставовите 5, 6, 7 и 8“, а истите се однесуваат на закуп и на експропријација на бесправно изградени објекти се вели „на овој член се однесуваат и на иматели на објекти на физички лица кои живеат во објекти кои се предмет на експропријација кои се бесправно изградени“, значи се предмет на експропријација, а се бесправно изградени, „а за кој до денот на поднесување на предлогот за експропријација е поднесено барање за утврдување на статус на бесправно изградени објекти согласно законот за исменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Службен весник на Република Македонија“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов.

Од собраниската сала во која по скратена постапка се дискутира за предлог измените и дополнувањата на Законот на експропријација, Ефтимов посочи дека ова значи дека објектите кои што се изградени со градежно техничка документација, со уредно уплатени комуналии и се запишани во Агенција за катастар на недвижности се изедначуваат со бесправно изградените објекти, односно оние кои што не ги запазиле овие постапки.

„Дополнително, од самите бесправно изградени објекти истите делат два дела. Првиот дел се оние кои што имаат поднесено барање, вториот оние кои што немаат. Оние кои што имаат поднесено барање, според ова предлог законско решение ќе добијат надоместок, односно ќе се експропеира недвижноста како да е легална. Односно, со Законот за експропријација и се врши експропријација и се легализираат бесправно изградените објекти. А втората категорија, истите вакви пезправно изградени објекти кои што немаат поднесено барање за легализација, односно согласно Законот за постапување за песправно изградени објекти, нема да добијат надоместок. Ова е дискриминација која што се прави помеѓу имателите на иста фактичка состојба и правен статус на исти објекти, бидејќи со самото поднесување на барање не значи дека истиот ќе биде упишан во Агенција за катастар на недвижности“, рече Ефтимов.

Тој упати и прашање до министерот за финансии, Фатмир Бесими кој единствено тој од извршната власт е во собраниската сала, дали за бесправно изградените објекти ќе се исплаќа надоместок само за оние кои што имаат поднесено барање за легализација.

„Моето прашање до министерот е дали за бесправно изградените објекти ќе се исплаќа надоместок по ова предлог законско решение, за оние кои што имаат поднесено единствено барање за легализација? И втората работа, што ќе се случи со објекти кои што се во постојната катастарска евиденција, а немаат барање за легализација, односно немаат барање според законот за бесправно изградени објекти? Што значи тоа, оние кои што се наоѓаат во постојаната катастарска евиденција во секој момент врз основа на елаборат за излагање, можат да бидат упишани во Агенција за катастар на недвижности, немаат потреба да вршат постапка согласно Законот за постапување на бесправно изградени објекти“, запраша Ефтимов.