Пратеникот во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов на денешната седница, истакна дека со новиот предлог закон за измени и дополнувања на законот за земјоделство и рурален развој, кој што денеска конечно влезе во собраниска процедувара со кој се предвидува 30% аванство исплаќање на субвенциите за одредени земјоделски стопанства, всушност не преставува авансно плаќање туку кратење на субвенциите во висина од 30 отсто.
Тој вели дека со ова предло решение се замајуваат и манипулираат земјоделците и истите се држат во костец, затоа што тие не знаат на што се, бидејќи законот за земјоделство до сега има претрпено 26 измени и дополнувања на по еден член од законот.
-Предвидувате во членот еден дека ќе вршите авансна исплата на на субвенционирањето на субвенциите до 30% за оние корисници и земјоделски стопанства кои што немале одрдедени аномалии во претходните години и користат континуирано субвенционирање, односно директни плаќања од програмите кои што се носат. Предвидувате 30% намалување, не предвидувате 30% авансно исплаќање, вие ги замајувате со 30% авансно исплаќање. Вие ги држите во костец секогаш производителите и земјоделците, со тоа што имате во рака секогаш одредени изговори. Зошто? Еве ќе потенцирам, овој предлог на закон има претпено повеќе од 26 пати измени и дополнување, затоа што секоја година посегнувате кон измени и дополнување на по еден член од истиот закон и секогаш морате да ја прфрлате вината кај некој друг, бидејќи не можете да ги исплатите субвенциите и ги манипулирате земјоделците, рече Ефтимов.
Доказ за тоа, додаде тој, е тоа што во постапка, во моментот на други седници, се поднесени доплнителни измени и доплнувања на истиот закон уште две измени, упатувајќи ги пратениците од парламентарното мнозинство да се усогласат еднаш и со една измен ада ги опфатиме сите измени и да можат граѓаните, односно корисниците на овие директни плаќања, на субвенциите да можат да бидат на јасно што се случува, а не вие по 26 пат се изменува овој предлог на закон.
Ефтимов вели дека сепак е добро што конечно измените и дополнувањата на законот влегоа во собраниска процедура и дека истиот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат, затоа што секое мало подобрување на состојбите во земјоделството се добродојдени и ја повика власта да ги исплати субвенциите на тутунарите и на сите земјоделци.
-Денес конечно го разгледуваме предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка. Но, престанете да лажете, исплатете ги субвенциите на тутунарите, исплатете ги субвенциите на земјоделците. Тие се тие кои што ни произведуваат храна и престанете да ги манипулирате. Од овде ве повикувам да престанете да ги манипулирате. Ние ќе го поддржиме ова законско решение, бидејќи секое мало поднесување на подобрување на одредени состојби во земјоделството ќе ги поддржиме, но контрадикторни сте во самото предлог законско решение и во програмата која што ја донесовте за исплата на директни плаќања во земјоделството во 2022 година, истакна Ефтимов.