Депозитот, како што е соопштено, ќе биде искористен за покривање на долговите на клубот кон играчите што останаа неподмирени во време на поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко, а за чија исплата е започнат и судски спор.

Вардар треба да го уплати депозитот во две рати, првата до 13 јули, а втората до 27 јули.

Во спротивно, местото на Вардар во групната фаза на Лигата на шампиони во сезоната 2021/22 ќе го преземе словенечкиот клуб Горење од Велење.