За американските медиуми тој опиша дека првичната болка од каснувањето била како „да го каснал комарец“. Иако првичната болка била минимална, тој брзо сфатил дека има сериозна рана, но успеал да остане присебен и да доплива и покрај крварењето од раните на ногата.

-Веројатно јас сум најсреќниот човек во светот. Доживеав да ме нападне голема бела ајкула и да ме пуштат од болница истиот ден – вели Немања на чија нога има десетина рани од забите на ајкулата.

Спасојевиќ нуркал од брегот на плажата, на околу 18 милји од Сан Франциско кон брегот на округот Сан Матео кога наишол на бела ајкула. Тој собирал ракови, кога почнал да излегува кон површината за да земе воздух, почувствувал болка во ногата, а потоа ја здогледал ајкулата и се сочил директно очи во очи со опасноста.

-Во тој момент почнав избезумено да го вртам грбот кон карпите, надевајќи се дека ако пе нападне повторно со перките ќе удри во карпите. Стигнав до областа каде што водата удираше во карпите, а потоа успеав да се извлечам некако до брегот – го раскажа своето необично доживување Немања Спасојевиќ.