Десетици граѓани, волонтери и вработени во општинската администрација денеска учествуваа во еколошка акција во реонот околу трговскиот центар „Лептокарија“.
Во чистењето се вклучија и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот, Христо Саракинов, кои заедно со жителите дадоа придонес во уредувањето на просторот.
Од Општина Карпош оценија дека ваквите заеднички активности покажуваат оти со обединет ангажман може да се направи конкретна промена во животната средина.
„Заедничките акции се доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме конкретна промена во средината во која живееме. Благодарност до сите граѓани, административци и волонтери за поддршката и учеството. Продолжуваме за две недели, на друга локација“, соопштија од Општина Карпош.
