-Повлекувањето на предаторските закони е добар знак, но тоа е далеку од победа. Сите тајни договори и меморандуми со рудникот за литиум Рио Тинто, потпишани или од поранешната или од сегашната власт, мора да бидат достапни на граѓаните и под итно да се поништат, се вели во соопштението

Посебен акцент е ставен на поддршката на официјалната иницијатива на граѓаните на Лозница потпишана од повеќе од 5.400 граѓани на овој град, со која се бара бришење на рудникот од просторниот план на Лозница, поточно Горње Недељице и отворање на јавните сервиси за експерти и научници кои конечно ќе ја објаснат целата опасност што се подготвува.

Еколошкото востание го повтори апелот до полицијата мирно и законски да ги обезбедува собирите, да не врши никакви репресии и заплашувања, но и да ги поништи незаконските прекршочни пријави на граѓаните.

Според нивните информации, блокади и протести во сабота ќе има во Белград и 30 градови во Србија и пред седиштето на Рио Тинто во Лондон.

Саво Манојловиќ, претставник на Движењето „Движи-промени“ синоќа изјави дека доколку Владата во петок го исполни ветувањето и направи измени во Законот за референдум, тие ќе си го одржат зборот и нема да излезат на блокадите.

Манојловиќ кажа дека движењето го подготвува следниот чекор поврзан со кампањата за Рио Тинто, кој ќе биде објавен на социјалните мрежи.

Зборувајќи за другите организации кои најавија дека нема да се откажат од блокадата, Манојловиќ оцени дека никој нема монопол на протестите и дека секој има легитимно право да го застапува својот став.

Членот на движењето „Да не го давиме Белград“, Добрица Веселиновиќ изјави дека движењето не верува оти со измените на законот за референдум и експропријација се исполнети основните барања на протестот.

-Мислам дека ова е голема победа за граѓаните и им честитаме на сите што деновиве беа на улица. Што се однесува до нас, тоа значи дека основните барања на протестот се исполнети, кажа Веселиновиќ.

Како што кажа, ќе ја чека одлуката на организаторите, наведувајќи дека смета дека најлошо е што во сегашната ситуација „имаме некакво растурање и некаква поделеност“.

-А заправо организаторите на досегашните блокади штотуку се поделија, кажа тој.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во среда го врати во Собранието Законот за експропријација, а денеска пратениците на предлог на Владата ќе ги разгледаат измените на Законот за референдум и народната иницијатива.