Полицијата го утврди идентитетот на патникот од таксито кој носел експлозивна направа и кој загинал во експлозијата, но не можат да соопштат.

Мотивот за чинот сѐ уште не е познат, но се смета за „терористички инцидент“, изјави помошник началникот на полицијата Рас Џексон од Одделот за контратероризам.Такси експлодираше пред женска болница. Сопатничката загина, а таксистот е повреден. Тој во меѓувреме бил пуштен од болница.Возачот успеал да побегне од таксито, истакна Џексон.

Тројца мажи на возраст од 29, 26 и 21 година се уапсени во неделата, а уште еден на возраст од 20 години во понеделникот, соопшти полицијата. Експлозијата се случи една минута пред почетокот на богослужбата во блиската катедрала во спомен на жртвите од војната по повод Денот на сеќавањето.

Полицијата ја истражува и оваа можна врска.