Екс функционерот во владата на СДСМ кој беше претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, се пофали со својата нова љубов.

Откако јавноста со месеци беше информирана за падовите и убавите моменти од неговата предходна љубов со манекенката Дунавка Трифуновска, Цветанов објави фотографија од новата избраничка на социјалната мрежа фејсбук.

„Животот е еден и треба да се живее. Бранко Црвенковски“, напиша Цветанов на својот фејсбук профил, заедно со фотографијата на која тој пие пиво со неговата нова партнерка.

Името на жената со која сега Цветанов ја дели љубовта не е позната на пошироката јавност.

Цветанов беше разрешен од својата последна функција откако беше откриено дека неговата екс сопруга патувала со него на службени патувања и доаѓала во државната институција да му помага.

Цветанов по разрешувањето се закануваше дека ќе открие криминални тајни за врвот на СДСМ но никогаш не откри ништо.

Предходно Цветанов беше функцониер и во владата на Никола Груевски.