Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, велат владини извори.

Цветанов за директор на оваа институција беше поставен од поранешниот премиер Зоран Заев во 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Владини извори исто така најавуваат дека ќе има нови 12 советници во Владата, професори економисти, од кои двајца Германци, чии имиња ќе бидат објавени до крајот на неделата.