Четири вооружени лица облечени во црна облека, некои очевидци велат во црни униформи, излегле од автомобил „ауди А6“ влегле во кафулето Шиша бар под Калето, се претставиле како полицајци, се качиле на втор кат и влегле во “мониторинг“ салата каде испукале неколку куршуми, дознава МКД.мк, Од истрелите две лица биле убиени.

Според нашите извори, убиени се Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов со прекар Лаци. Според некои информации до кои дојдовме станува збор за крвна одмазда која своите корени ги влече во претходни убиства во населбата Чаир.

По убиството, со „аудито“ четитите лица го напуштиле местото, а наскоро возилото било полиено со бензин и запалено, а за тоа сведочи само регистерската табличка.

МВР официјално потврди дека во Старата скопска чаршија има двојно убиство.

„Бо СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“. се вели во официјалната информација на МВР.