Доцна попладнево се случува бунт во затворот во Битола, ексклузивно дознава Радио Лидер.
Како што не информираа нашите извори, запалена е затворска келија, а во моментот делува и против пожарна екипа.
Во моментов затворот е без струја.
Што се причините за бунтот, засега не е познато.
Нема информација за евентуални повредени. Оваа настан е само еден од многуте немили настани кои се случуваат во затворите низ цела земја.
Сите извештаи на меѓународни институции во континуитет укажуваат за лошите затворски услови во државата.