Носителот на изборната единица 4 на СДСМ, Венко Филипче, се подновил со нов џип Ауди Q8, кој вреди стотина илјади евра – дознава Радио Лидер.

Како што дознаваме, во изминатите денови Филипче може да се забележи по скопските улици во неговата нов автомобил кој вреди помеѓу 70.000 и 110.000 евра.

Станува збор за автомобил кој е луксузен за платата на доктор специјалист, која во овој момент не знаеме дали му стига редовно на поранешниот министер – затоа што истиот се уште нема регулиран статус на Клиниката за неврохирургија, иако редовно се слика како оперира таму.

Венко Филипче како министер беше познат по десетици коруптивни скандали, па којзнае, можеби и некој близок пријател му го позајмил ова возило на Филипче исто како пријателот на Артан Груби.

Во една прилика, екс министерот а сега АС на СДСМ во ИЕ4 дури заборавил и да плати паркинг па бил почестен со шепа.

Останува да видиме како Филипче ќе ги убеди граѓаните од неговата изборна единица дека чесно го заработил ова возило, додека нивните деца секојдневно се иселуваат во странство.