Кризниот штаб за пожарите, кој заседава вечерва, ќе бара ангажирање на дополнителни 500 војници за гаснење на пожарите во околината на Серта, дознава Радио Лидер од извори во штабот.
Кризниот штаб ќе бара претседателката да прати дополнителен број на војници
Како што дознаваме, во текот на попладнево, ситуацијата на терен се влошила и има потреба од дополнителнителен ангажман на припадниците на армијата.
– Уште вечерва ќе побараме од претседателката дополнителни 500 војници да излезат на терен. – вели нашиот извор.