Како што соопштуваат од МВР, несреќата во СВР Скопје била пријавена околу 20.05 часот.

-Во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Р.(49) од с.Батинци и патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(26) од с.Батинци. По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Видео од несреќата: