Според неа, во април минатата година, научниците дадоа предвидувања засновани на математички пресметки и предупредија дека епидемијата ќе трае најмалку 18 месеци или две години, а тие предвидувања се исполнети досега, пренесуваат руските агенции.
– Според оптимистичкото сценарио, пандемијата може да трае уште шест месеци. Најпесимистичкото сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година, рече Псенична.
Таа повтори дека за тоа колку ќе трае пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањето на пропишаните норми на однесување.