Низа експлозии одекнаа изутринава во Харков и Запорожје, соопштија локалните власти.
Проектили погодија индустриски објект во Харков, информираше градоначалникот Ихор Терехов. Како што појасни тој, спасувачите допрва треба да го утврдат обемот на штетата и дали има загинати лица.
Според регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов, повредени се петмина.
Информациите за експлозиите во Запорожје ги сподели регионалниот гувернер Олександр Старух. Засега нема повеќе детали.