Едно лице загина, а седуммина се повредени при експлозија на барут, за време на истоварање муниција во руска воена база во населбата Тејсин во областа Амур, регионот Хабаровск, изјави денеска за Тасс извор од Службата за вонредни ситуации.

– Како резултат на експлозија на барут за време на истоварање муниција, седум лица се здобиле со полесни повреди. Едно лице го изгуби животот, тврди изворот.

Пожарот што избувнал по експлозијата, пожарникарите успеале да го локализираат.