Силна експлозија се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми, повикувајќи се на службата за итни случаи на Нагорно-Карабах, пренесе БТА.

-Има жртви и ранети. Луѓето кои се здобиле со изгореници се пренесени во медицински установи. Спасувачките екипи во моментов работат на лице место, јавуваат ерменските медиуми, прецизирајќи дека деталите ќе бидат објавени подоцна.

Како последица на експлозијата, додаваат, се повредени неколку стотици луѓе, а има многу жртви, иако нивниот точен број се уште не е познат.

Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.