Чифлиганец ќе почива во дворот на црквата во Аеродром
Трагично починатиот менаџер на „Адора инженеринг“, Душко Чифлиганец, ќе биде погребан во дворот на црквата „Свети Јован Крстител“ во општина Аеродром, пренесува Експрес. Црквата поточно се наоѓа во скопската населба Ново Лисиче, лоцирана покрај брегот на Вардар. Според информации од извори блиски до семејството Чифлиганец, ова ќе биде првпат некое лице да биде закопано во дворот на оваа црква.
Опело ќе води архиепископот Стефан
Од семејството соопштуваат дека опелото ќе го водат свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, предводени од поглаварот г.г. Стефан. Црквата „Свети Јован Крстител“ беше изградена под ктиторство на неговиот татко, Ванчо Чифлиганец.
Механизација на теренот го подготвува вечниот дом
Денеска во дворот на црквата беше забележана тешка механизација, за која се претпоставува дека се ангажирана за подготвување на местото каде што ќе биде погребан Душко Чифлиганец. Последното збогум за младиот бизнисмен ќе биде утре во 14 часот.
Повеќе за младиот и успешен бизнисмен може да прочитате од веста во продолжение.
БИЗНИСМЕН, МОТОЦИКЛИСТ, ХУМАНИТАРЕЦ: Кој беше Душко Чифлиганец?