Шоуто ќе заврши во 2022 година по 19 години емитување.
-Колку и да е оваа емисија добра и забавна, едноставно повеќе не ми претставува предизвик, изјавил водителката за Холивуд Рипортер.
Веста за завршување на популарната емисија доаѓа само неколку месеци откако поранешни вработени во јавноста излегоа со изјави дека емисијата е „токсично место за работа“.
По ова три продиценти ја загубија работата, а Деџенерис сезоната ја отвори со извонување. Шоуто се емитува од 2003 година и е една од најпознатите во светот.
-Сакав емисијата да ја завршам после 16-тата сезона. Тоа требаше да биде мојата последна сезона, но сакаат да потпишам договор на уште четири години. Јас реков дека ќе потпишам можеби на уште една. Не се согласија на една година, па најдовме компромис на три. Знаев дека тоа ќе биде мојата последна сезона, додава Елен.
Водителката ги отфрла тврдењата дека емисијата завршувања поради обвинувањата на поранешните вработени.