Пејачката Елена Ристеска потврди дека завчера била нападната со тврд предмет во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“.

„Е. Р. (37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е. Т. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

„Бев излезена со пријатели во клубот, и сосема неочекувано, женска личност се обиде да ме удри со тврд предмет по главата“, кажа Ристеска за СДК.мк.