Неименуван претставник на полицијата изјави дека тројца полицајци биле земени како заложници, а потоа се ослободени.

Претседателот Моиз е убиен од непознати напаѓачи вчера во неговата приватна резиеднција. Во нападот беше повредена и неговата сопруга Мартин Мари Етијен Жозеф, која во критична состојба е префрлена во болница во Мајами.

Телевизискиот канал Телесур вчера на Твитер објави дека Жозеф почина, но информацијата се уште не е официјално потврдена.