Играчот од средниот ред, Елиф Елмас најави игра на победа во Ерменија.

– Подготовките течат одлично. Иако не зависи се од нас, одиме во Ерменија да победиме. Имаме теоретски шанси и до крај ќе се бориме за второто место. Треба да бидеме паметни и со многу жар во играта да покажеме дека сакаме да победиме. Романија може да згреши, па со две победи ни се отвора патот до баражот. Досега покажавме дека можеме да се „носиме“ со сите, па така ќе биде и на средбата со Ерменија, изјави Елмас.