Mузичарот Елтон Џон на социјалните мрежи информира дека е заразен со коронавирус и дека поради тоа ќе откаже 2 концерта во САД во рамките на својата проштална светска турнеја.
„Заразен сум со коронавирусот и поради тоа морам да одложам 2 концерта во Далас во следните денови“, објави музичарот кој има 74 години.
Тој се надева дека можеби ќе го одржи концертот закажан за сабота во државата Арканзас, бидејќи, како што вели, има благи симптоми и има примено 3 дози вакцина против коронавирус.