Европската агенција за лекови, ЕМА, ја започна својата ревизија на лекот сотровимаб како можна терапија против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Станува збор за моноклонално антитело развиено како терапија против Ковид-19.
ЕМА денеска започна за разгледување на овој лек, неговата ефикасност за спречување тешки форми на болеста како и неговата безбедност за пациентите.
Доколку Агенцијата одлучи да го препорача сотровимабот за употреба против Ковид-19, Европската Комисија се заложи дека експресно ќе дозволи негова комерцијализација на ЕУ пазарот.