Шефот на одделението за стратегија за вакцинација во ЕМА, Марко Кавалери, вели дека агенцијата моментално ги разгледува вакцините кои ги произведуваат германската фармацевтска компанија CureVac и германската компанија Novavax.

Кавалери рече дека разговорите со кинеските и руските произведувачи на вакцини биле „конструктивни“, но рече дека се потребни повеќе податоци.

Претходно оваа година, компанијата CureVac соопшти дека нејзината вакцина беше ефикасна помалку од 50 отсто, додека компанијата Novavax соопшти дека ефикасноста на нејзината вакцина е околу 90 отсто.

Novavax соопшти дека прво ќе побара одобрение за својата вакцина во земјите во развој и дека нема да се фокусира на пазарот во ЕУ и САД.