Расте предноста на Гордана Силјановска Давкова

Новите анкети на ИПИС покажуваат дека се зголемува јазот меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста кон својот противкандидат.

Анкета на ИПИС

Ако во претходниот месец, февруари разликата била 8,7% во корист на Гордана Силјановска Давкова, во март е зголемена и истата изнесува двоцифрена бројка – 10,2%. Многуте телевизиски дебати, гостувања, пишани интервјуа и јавни настапи на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ придонесе оваа предност да расте.

Анкетата која е спроведена од ИПИС и која се прикажа на МРТ покажува дека испитаниците одговарале на прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“. Од нив 24,6 отсто одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова. Само 14,4 отсто дале поддшка за актуелниот претседател кој ќе трча по втор мандат Стево Пендаровски.

Во албанскиот блок во тесна битка води кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. Тој ужива поддршка од 7 отсто додека пак кандидатот на албанската опозиција, Арбен Таравари го поддржале 5,7 отсто од анкетираните испитаници.

Нискиот рејтинг – мета на сеир

Ваквиот низок рејтинг на Стево Пендаровски го проследија твитерџиите. Во продолжение ги пренесуваме интересните и актуелни твитетови со шеги на контото на актуелниот претседател.

Се моли Стево Пендаровски да започне со прибирање понуди за закуп на канцеларија за функцијата поранешен претседател

Епа чорба Стево

Патем, на Твитер е актуелно видео од потпретседартелот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој го демантираше Стево Пендаровски. Според Николоски, Стево должи одговори на македонската јавност. Во продолжение може да го видите видеото:

Штом е во прашање Стево, актуелна е неговата поврзаност со Асаф Еисин. И тоа се коментира на Твитер.