Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денеска информираше дека в петок се откажани 55 отсто од летовите на кратки и средни и 10 проценти на долги дестинации, поради штрајк на контролорите на летање.

Покрај тоа, можно е доцнење и откажување летови во последен момент, предупредува „Ер Франс“, истакнувајќи оти За тоа, патниците ќе бидат известени со СМС порака и преку електронска пошта.

„Ер Франс“ в петок ќе откаже од 400 до 800 летови и упати апел до патниците да ги одложат патувањата планирани за тој ден.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство ги повика авиокомпаниите да откажат половина од своите летови в петок.

Националната унија на контролори на летови, што бара зголемување на платите поради инфлацијата и вработување дополнителен персонал, прогласи штрајк во Франција и нејзините територии во странство.