Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го посети Изјум, важен стратешки град во источниот дел на Украина.

Изјум неодамна беше ослободен од украинските сили.

Москва го користеше Изјум како точка од каде испраќаше засилување на фронтот во Донбас.

Во тој регион благодарение на молскавично брзиот украински контранапад, целосно се промени ситуацијата, односно Русите сега се повлекуваат, а Украинците напаѓаат.