Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре во Астана ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија денеска неименувани турски претставници.

Средбата ќе се реализира на маргините на регионалниот самит во главниот град на Казахстан.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ги повика Русија и Украина на одржлив прекин на огнот.

Турција, која има неутрална позиција од почетокот на руската инвазија на Украина, претходно понуди да посредува во почнувањето на преговорите меѓу Киев и Москва.

Русија вчера изврши неколку десетици напади врз цели во Украина, како одмазда за експлозијата на мостот на Крим од саботата. Во нападите вчера загинаа најмалку 19 лица.

утре во Астана ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија денеска неименувани турски претставници.