Турски официјален претставник потврди дека талибанците побарале од Турција техничка помош за управување со аеродромот во Кабул, но со барање турските вооружени сили сепак да го напуштат Авганистан до 31 август.
– Талибанците ни рекоа – ние ќе се грижиме за безбедноста, а вие ќе управувате со аеродромот. Меѓутоа, ние се уште не сме донеле одлука, имајќи предвид дека таму секогаш постои смртна опасност, рече Ердоган на прес-конференција пред да замине во официјална посета на БиХ.