Според извештаите на светските медиуми, неколку западни земји објавиле дека превозот од Кабул засега е завршен, а според натписите, САД ги затвориле влезовите на аеродромот и спречиле понатамошно заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји изминатиот период.

Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“.

Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на Исламската држава.