Адамс (61), демократ, ќе има огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, преземајќи ја функцијата во време кога Њујорк се соочува со рекорден број новозаразени.

Адамс ја кажа заклетвата додека конфетите сè уште паѓаа на Тајмс Сквер. Тој не даде изјави ниту одговараше на новинарски прашања. Тој претходно излезе на главната сцена и зборуваше за силата на градот.

– Дури и во екот на коронавирусот, среде сè низ што минуваме, ова е земја во која надежта и шансата се секогаш присутни, рече Адамс претходно вечерта.

– Извонредно е кога Њујорк и покажува на целата земја како се враќаме. На целата планета и покажавме од што сме создадени. Неверојатни сме. Ова е неверојатен град и верувајте ми дека сме подготвени за големо враќање бидејќи ова е Њујорк, рече Адамс.

Тој ја презеде функцијата од градоначалникот Бил де Блазио. Тој претходно рече дека планира да зачува многу од политиките на неговиот претходник, вклучително и обврските за вакцинација, кои се меѓу најстрогите во земјата.