По серијата загрижувачки јавни појавувања, физичкиот изглед на 84-годишниот моден дизајнер Келвин Клајн предизвика шпекулации за неговата здравствена состојба и за врската со 38-годишниот партнер Кевин Бејкер. И покрај слабиот изглед, инсајдери од модната индустрија тврдат дека тој сè уште е во добра физичка кондиција и активно вежба секојдневно.

Модната легенда Клајн неодамна беше забележан низ улиците на Њујорк во друштво на својот 38-годишен партнер, моделот Кевин Бејкер. Двојката, која е заедно од 2016 година, се обидувала да одржува растојание за време на прошетката, со цел да ги намали гласините што се шират за здравјето на креаторот и за нивната врска обележана со значителна разлика во годините.

Дизајнерот, кој го лансираше сопствениот бренд во 1968 година, во последниот период се најде во фокусот на јавноста по неколку појавувања каде што неговиот екстремно слаб изглед предизвика лавина коментари и споредби со изнемоштено лице.

Инсајдер од модната индустрија за странските медиуми појасни дека иако Клајн навидум изгледа многу изнемоштено, тој всушност се одржува активен преку секојдневни тренинзи.

„Едноставно е многу слаб, а нему тоа му одговара. Тој смета дека слабоста е во мода“, изјави упатен извор.

Клајн ја продаде својата компанија на корпорацијата PVH во 2003 година за сума од околу 700 милиони долари, од кои директно доби 215 милиони долари, продолжувајќи со ангажман како креативен консултант уште неколку години.

Пред актуелната врска, познатиот дизајнер има зад себе два брака, како и врски со мажи и жени, вклучувајќи ја и претходната врска со моделот Ник Грубер, кој беше 48 години помлад од него.

Бејкер градеше сопствена манекенска кариера работејќи заедно со својот брат близнак пред да започне врска со Клајн во 2016 година. Одредени извори наведуваат дека нивниот однос со текот на времето преминал во пријателска релација.

„Тие во овој момент се само пријатели. Тоа е повеќе врска заради имиџ и удобност. Келвин сака да изгледа мажествено и актуелно, а партнерот му помага во тоа“, посочува извор од нивното опкружување.

Од друга страна, блиски соработници на парот ги отфрлаат наводите дека помладиот партнер манипулира со модниот магнат.

„Келвин е навистина стар, а неговиот партнер веројатно разбира дека може да има некои неверојатни придобивки од врската со човек како Келвин, но тоа автоматски не значи дека го искористува. Тие се заедно цела вечност и Келвин би знаел доколку нешто сомнително се случува“, наведуваат изворите.