Филипинскиот вулканот Булусан денеска исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција.

Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот Булусан, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траеше околу 17 минути, а пепелот беше исфрлен најмалку еден километар во висина.

Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.

Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.

Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.