Пристигнувањата на аеродромот во Катанија, на италијанскиот остров Сицилија, денеска повторно се прекинати поради вулканската пепел што ја исфрла Етна. Ограничувањето ќе биде во сила најмалку до 22 часот.
„Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија, моментално се прекинати до 22 часот“, соопшти аеродромскиот оператор.
Работата на аеродромот во Катанија беше нарушена и минатиот месец поради активноста на Етна.
Вулканот е висок околу 3.300 метри и претставува најголем активен вулкан во континентална Европа.
