Ако му свртите грб на овој договор, сте ѝ свртеле грб на Европа, со сите последици што доаѓаат со него, нестабилност во односите, недостиг на финансии и слобода на движење, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пренесува N1.

За време на посетата на Приштина тој пред медиумите рече дека косовскиот премиер Курти има два дена за да одговори на барањата кои му беа поставени на состанокот и најави дека до петок заедно со пратеникот на ЕУ за дијалогот Белград – Пристина ќе известата дали има напредок или не. Тој на новинарите им зборувал за членот 7 од Охридската спогодба за формирање на Заедницата на српски општини и им кала дека Курти го има тој нацрт, но дека го чува во тајност.

По дводневните разговори во Приштина, Ескобар и специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заминаа во Белград видно разочарани поради немањето позитивен исход од разговорите со косовскиот премиер, пишува KoSSev.