АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката.

Како што велат од компанијата, санацијата треба да заврши до недела.

Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.