Новата евробврзница нема да ја чини джавата поскапо од пропадната, вели министерот за финансии Фатмир Бесими поради намалувањето на стапката на инфлација за март во однос на февруари.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека треба да има одговорност доколку се утврди човечка грешка за повлекувањето на еврообврзницата.

Математиката на првиот финансиер Фатмир Бесими покажала дека новата евробврзница нема да не чини поскапо од пропадната. Оваа теза ја правда со намалувањето на стапката на инфлација за март во однос на февруари.

За да не се повтори сценариото со претходната еврообврзница, министерот најави законски измени со кои зеленото светло за задолжувањата нема да зависи само од министерот за правда.

„Во услови на инфлација што од октомври наваму, минатата година беше 19,8 и секој месец намалуваме, за да последното биде 16,7 – сепак реалната каматна стапка од 6,9 во однос на последната 16,9 значи е минус. Ќе имаме интервенции во законот за наредниот период за да може да има флексибилност во тој дел. Инаку не сакавме во ниту еден случај да оставиме било каква дилема за различно толкување за тоа кој, како и дали можел да го потпише тој документ.“ Фатмир Бесими, министер за финансии .

За разлика од него, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека доколку се утврди човечка грешка кога се издавала првичната еврообврзнива, одговорност треба да има.

„Еврообврзница се издава во оној момент кога е најповолно на пазарот. За жал се случи административна потешкотија односно грешка да не можеме да ја потпишеме, затоа што законите кои што се на сила така укажуваат. Секако, ако органите кои што треба да следат увидат дека има човечки фактор кој што треба да носи одговорност го знаете мојот став – одговорноста не може да биде колективна, таа мора да биде лична.“ – Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, пак, штетата од новата и пропаднатата еврообврзница за државата е 18 милиони евра.

Новата еврообврзница е со помала сума од првичната но повисока камата. Таа изнесува 500 милиони евра, има купонска камата од 6,96% и рок на доспевање од 4 години. Претходната чинеше 600 милиони евра а имаше камата од 6,25%.