АД ЕСМ на денешниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН му доставил понуда од 53 евра за мегаватчас пред одлуката на Регулаторна комисија за енергетика по колкава цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи електричната енергија од 1 јули.

Тоа е за околу 3 евра помалку од сегашната цена која изнесува 56 евра за мегават час.  Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за  струја во следните 6 месеци.

Во промената на цената треба да се вкалкулираат и барањата за мрежарина од ЕВН и за покривање на загубите од Електродистрибуција. Треба да се земе во предвид дека и ДДВ за струја се враќа од 10 на 18 отсто.

Иако се најавуваше, враќање на евтина струја нема да има од 1 јули. Новата цена на струјата ќе се соопшти  следната недела.