Парламентот на Етиопија ја укина вонредната состојба воведена минатиот ноември кога бунтовниците од регионот Тиграј се заканија дека ќе маршираат кон главниот град, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Претставничкиот дом на Етиопија денеска го одобри укинувањето на шестмесечната вонредна состојба“, јави Министерството на Твитер.