Националниот ослободителен фронт Тиграј (ТПЛФ), што се бори против централната влада на втората најнаселена африканска земја, досега не одговори на обвинувањата.
Британските медиуми не успеаја да ги потврдат наводите за борби во близина на градот Комболча, на клучниот автопат на оддалечен 380 километри од главниот град Адис Абеба.
Комуникацијата со областа е во прекин, а на новинарите им е забранет пристапот.
Портпаролот на ТПЛФ вчера изјави дека нивните борци напредуваат кон југот од покраината, во обид да го заземат Комболча и аеродромот. Ова ТПЛФ би го доближило најблиску до Адис Абеба отколку во јуни почна офанзивата против соседната провинција Амхара.
Истиот ден премиерот Аби Ахмед ги повика сите граѓани на мобилизација.
-Терористичката група ТПЛФ егзекутира повеќе од 100 млади жители на Комболча во областите во кои се инфилтрира, објави на Твитер етиопската Влада.
Владата не појасни дали загинатите се војници или цивили.
Претходно денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа дека е загрижен за извештаите дека Тигрјаските сили ги зазеле Комболча и Дези, блискиот град во кој ТПЛФ влезе пред два дена.
-Продолжувањето на конфликтот ја продолжува тешката хуманитарна криза во северна Етиопија. Сите страни мора да ги прекинат воените операции и да почнат безусловни преговори за прекин на огнот, рече Блинкен.