Владиниот портпарол Легесе Тулу на прес-конференција детално објасни што значи префрлањето на одговорностите за извршување на рутински должности, пренесуваат британските медиуми.
Премиерот на Етиопија пред два дена најави дека лично ќе ја води борбата против бунтовничките сили од провинцијата Тиграј и нивните сојузници.
-Ајде да се сретнеме на првата линија на фронтот. Дојде време да ја водиме земјата посветено, напиша во понеделникот вечерта Ахмед.
Минатиот месец силите на Ослободителното движење Тиграј и нивните сојузници се заканија дека ќе маршираат кон главниот град Адис Абеба.
Истовремено, тие се обидоа да го пресечат сообраќајниот коридор со главното регионално пристаниште Џибути, што е единствениот комерцијален излез кон море за Етиопија