Малта во петокот соопшти дека е прва земја од ЕУ која ги затвора границите за невакцинираните патници, надевајќи се дека со тоа ќе го запре зголемување на бројот на заразени од коронавирус, но Рејндерс за радиото Франс интер потсети дека ЕУ воведе здравствен сертификат кој е задолжителен за земјите-членки.

Рејндерс додаде дека Европската комисија ќе разговара со Малта да ги прифати и ПЦР тестовите.

Во зависност од бројот на заразени со делта-сојот… нормално е да продолжиме со мерките, тестовите и карантинот, но без забрана за патување – рече Рејндерс.

Имаше две одлуки: сертификат што го воведовме и им се наметнува на сите европски земји како доказ за состојбата со вашата болест. Покрај тоа, постои препорака усвоена од сите 27 земји-членки, што започнува од идејата дека овој „пасош“ е доволен само по себе, освен ако не се влоши епидемиолошката состојба, објасни комесарот.

Затоа, ќе разговараме со Малта за да продолжиме да го признаваме ПЦР тестот, додаде тој.

Малта во петокот објави дека од оваа среда ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители. Негативниот тест за вирусот повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров со околу половина милион жители.

Во неделата, францускиот министер за европски прашања Климент Боун ја нарече одлуката на Малта да не ги признава тестовите за ПЦР „спротивна на правилата“.

Малиот медитерански остров со 500.000 жители може да се пофали дека има најмногу вакцинирани во ЕУ, бидејќи 79% од возрасната популација на Малта прими две дози на вакцина против коронавирус. Заклучно со 27 јуни, не беа регистрирани нови случаи до петокот, кога имаше 96 новозаболени, од кои 90% беа невакцинирани.